На улиците на Србија наскоро би требало да се најдат десет пилот One Stop Shop автомати, преку кои граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за документи или некои други услуги што ги нудат државните органи, пишува 24 сата.
“Автоматите нема да работат на принцип ставете пари, ќе добиете документ. Преку нив нема да можете во истиот момент да добиете документ, но ќе можете без чекање во ред да закажете термин за вадење нова лична карта, возачка дозвола, да ја завршите целата документација околу регистрација на автомобилот, да платите такси без провизија од банките”, вели Душен Стојановиќ, директор на Дирекцијата за електронска управа.
На автоматите ќе може да се нарачуваат изводи од матичните книги и државјанство, кои потоа ќе стигаат на домашна адреса.
Според Стефановиќ, оваа услуга ќе биде наменета за граѓаните кои не знаат да ги користат ИТ технологиите, затоа што ќе имаат помош при користење на автоматите. Оние што се поумешни, веќе можат преку интернет да ги прават сите овие работи.