Србија: Наставниците ќе предаваат и за шопинг

25

Новата стратегија за заштита на потрошувачите, до 2024 година, што ја усвоија српските власти, во фокусот го става унапредување на вонсудското решавање на спорови, информира на граѓаните за безбедно купување преку интернет и едукација на учениците за правата на потрошувачите, пишува Новости.

Приоритет, како што се наведува, ќе биде обезбедување достапност на услугите коишто ги даваат здруженијата за заштита на потрошувачите и локалната самоуправата на сите жители на Србија.

Едукацијата на децата од училишна возраст за правата што ги имаат како купувачи ќе биде воведување на тие теми во наставниот план и подготовка на прирачник за заштита на потрошувачите. Надлежните сметаат дека системскиот пристап дава најголем ефект од најрана возраст кога кај децата се создава активен одговор на појавите во општеството.

Фото: Pexels