Србија не може да оди напред без 80.000 откази во јавниот сектор

44

otkaz

Во јавниот сектор во Србија вишок се најмалку 80.000 луѓе, а отпуштањето мора да започне веднаш, вели за Блиц главниот економист на Светска банка, Лазар Шестовиќ.

Според него, во следните три години дефицитот во буџетот мора да се сведе од околу 7% на 2,5%, па во тој период од јавниот сектор би требало да се отпуштаат и до 30.000 вработени годишно. Под државна капа работат 800.000 луѓе, од вкупно 1,7 милиони вработени. Таквиот однос, вели Шестовиќ, е неприроден и неодржлив.