Србија: Нова национална авиокомпанија и 12 нови “ербаси”

19

Српската влада планира да формира нова национална авиокомпанија исчистена од долгови и да ја обнови флотата со активирање на стариот договор со Ербас, изјави министерот за финансии, Млаѓан Динкиќ.

“Во план е формирање на нова авиокомпанија, која би била без долгови, но планираме да го обновиме и стариот ангажман со Ербас за лизинг на 12 нови авиони, за што новата компанија би добила државни гаранции од 140 милиони долари”, изјави Динкиќ за Блиц.

Министерот наведува дека при неодамнешната посета на српската делегација во Абу Даби дошло до идеја авиокомпанијата Етихад од Обединетите арапски емирати да се вклучи во целиот проект, така што Етихад би ги презел на себе државните гаранции од 140 милиони долари, а за возврат би станал ко-сопственик на ЈАТ.

Овој предлог сеуште е во фаза на идеја, меѓутоа, одлуката да се прави нов ЈАТ и да се обнови флотата е дефинитивна одлука на владата, потврдува Динкиќ.