Србија очекува 30.000 работници од Македонија и Албанија во септември

138

Околу 30.000 многу занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе заминат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи или посебни дозволи, пренесува Блиц.рс.

Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. Дополнително, целиот наш регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори бидејќи полесно ќе ги најдат работниците што им недостасуваат, сметаат експертите.

Директорот на Канцеларијата за ИТ и е-Управа Михаило Јовановиќ рече дека сите занимања што им се потребни се интересни за луѓето од Македонија и Албанија.

„Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Градежништвото и работниците во областа на земјоделството се многу барани. Треба да има многу заинтересирани и за здравството бидејќи платите овде се повисоки. Сепак, уште поважно е што како регион сите ќе станеме многу поинтересни за странските инвеститори бидејќи побрзо и полесно ќе стигнуваат до работниците, а тоа е една од причините да инвестираат во овој дел од Европа – вели Јовановиќ.

Небојша Атанацковиќ од Сојузот на работодавачи на Србија вели дека поголема работна сила ќе им користи на работодавците за позиции кои инаку се секогаш слободни.

– Мислам дека граѓаните на Северна Македонија и Албанија во рамките на „Отворениот Балкан“ ќе бидат многу заинтересирани да дојдат кај нас бидејќи условите и приходите се многу подобри. Исто така, кај нас работодавачите ќе имаат поголем избор и можност конечно да пополнат позиции за кои подолго време не можат да најдат соодветна работна сила. Ни недостигаат сите трговски профили во градежништвото, заварувачите, потоа сите работници во угостителството и туризмот и за сезонски работи како овоштари. Од септември очекуваме да пристигнат околу 30.000 – вели Атанацковиќ.

Просечната  нето плата во Србија е 631 евро.