Србија годинава очекува жетва од 3,5 милиони тони пченица, а во случај на поволни временски услови пченката ќе биде нешто повеќе од седум милиони тони, изјави заменик-министерот за земјоделство Ведрана Илиќ.
Земјата има значајно производство на сончоглед, шеќерна репка и соја, напомена Илиќ и додаде дека моментално „имаме доволно храна за сопствени потреби, но и за целиот регион и за традиционалните клиенти“.
„Србија е еден од 10-те најголеми производители на житарки, како и еден од најголемите производители на малини, сливи, јаболка и друго овошје, што може значително да придонесе за подобрување на светското производство на храна“, изјави Илиќ.