Србија одобри извоз на брашно

66

По најавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе извезе брашно во земјите од регионот кои упатиле такво барање, сега во Службен весник е потврдена таа одлука.

Со тоа нашата земја, Бoсна и Херцеговина и Црна Гора ќе увезат брашно од Србија.

Србија ја промени одлуката за привремена забрана на извоз на основни производи, пишува Србија Данас.

Фото: Pixabay