Србија: Патентиран уред против крадење бебиња во породилишта

25

bebe race

Младиот научник Комлен Лаловиќ патентираше уред за земање отпечатоци од прстите на мајката и бебето, со што веднаш може да се докаже мајчинството и со ова да се спречат евентуалните злоупотреби, како што се кражби или замена на бебиња во породилиштата, пишува српски Блиц. Станува збор за дуален биометриски скенер за отпечатоци од прсти што истовремено ги скенира отпечатоците и на мајката и на бебето.

“Во моментот на раѓање се зема отпечаток од бебето и мајката. Уредот ги шифрира тие податоци, ги помни и и издава пин на мајката. Кога ќе дојде време мајката да ја напушти болницата, го внесува пинот и повторно се внесуваат отпечатоци. Ако е сè во ред, уредот дава верификација дека бебето е нејзино”, објаснува Лаловиќ.

Младиот докторант вели дека никаде во светот биометријата не почнала да се користи со ваква намена, а научно е докажано дека единствено отпечатокот од прстот се формира пренатално, до седмиот месец од бременоста и останува таков до крајот на животот, додека цела останата биометрија се менува.

Три големи породилишта во Србија веќе се заинтересирани за изумот на Лаловиќ, но прво треба да се спроведе пилот – проект, кој би чинел околу 45.000 евра.