Србија: Плаќање на сметки и во менувачница

55

srpski-dinar

Србија воведува нов закон за платен промет од октомври оваа година, според којшто картички и електронски пари ќе може да издаваат не само банки, туку и други економски субјекти, пишува РТС.

За овој бизнис, во зависност од тоа кое ниво на услуга е во прашање, неопходен е капитал од 20.000 до 350.000 евра. Најголем интерес, како што се наведува, има за работа со физички лица и издавање на парични дознаки од страна на менувачниците.

Според претседателот на Здружението на менувачници, Борислав Брујиќ, доколку една третина од менувачниците би биле заинтересирани да ги извршуваат овие задачи и доколку би работеле во две смени, ќе се отворат околу 6.000 работни места.

Институциите за електронско плаќање нема да отвораат тековни сметки, да собираат заштеди и да даваат кредити со камати.