Србија планира отворање на “Црна книга за лоши директори“

55

stecaj

Намерно отворање на стечај, а потоа префрлање на работата на новоосновано претпријатие наскоро нема да биде лесно да се направи во Србија.

Откако ќе започне да функционира официјалната евиденција, засега под името Регистар на дисквалификувани лица, во истата ќе се најдат сите директори чии компании се блокирани повеќе од 60 дена, или се под стечај, принудна ликвидација или се соочуваат со судска казна. И додека нивните имиња стојат во овој регистар, ќе им биде забрането да основаат нова компанија, пишува Вечерњи новости.

Ограничувањето на правото на основање нови фирми ќе биде од привремен карактер и ќе трае додека сметката не се деблокира, додека не се затвори или запре стечајната постапка или принудната ликвидација, односно до истекот на судската казна.

Во овој регистар нема да се впишуваат само директори, туку сите органи на управата, односно оние лица кои имаат одговорна позиција во процесот на донесување на одлуки.