Србија: Под вода 80.000 хектари обработливо земјиште

46

poplavi

До сега 80.000 хектари обработливо земјиште се под вода, а загубите се големи и кај сточниот фонд, каде има неколку десетици тони пцовисани животни, изјави српскиот државен секретар на министерството за земјоделие, Зоран Рајиќ, повикувајќи се на последните податоци од теренот, јавува Танјуг.

Според Рајиќ, токму по долините на реките е најинтензивното земјоделско производството, па затоа овој сектор ќе претрпи најголеми штети. Штетите што ги претрпеле поедини сточари се мерат со стотици илјади евра.

“Управата за ветерина е на терен и се труди што побрзо да ги отстрани труповите на животните. Имаме доволно препарати и вакцини, па се надеваме дека во наредните денови ќе го решиме тој проблем”, изјави Рајиќ и додаде дека има недостаток од камиони за одвоз на труповите на животните.

Сепак, Рајиќ наведе дека ситуацијата се менува од час во час, податоците се собираат, па во следните денови ќе може да се зборува за тоа колкава е вкупната штета.