Србија произведува се помалку храна

22

hranaПроизводството на прехранбени производи во Србија во 2013 година бележи пад од 4,6% во однос на 2012 година, според податоците на Стопанската комора на Србија, пишува Новости.

Најголем пад во производството се бележи кај растителните и животински масла и масти, дури 17,2%, а потоа во преработката и конзервирање на риба, 16,3%.

Најголем раст во производството во однос на 2012 година лани е забележан кај пекарските производи и тестенини, 2,4%.

Падот на производството е условен и со намалување на побарувачката. Трендот кој започна со кризата кон крајот на 2008 година, продолжува. Освен што се намалува обемот на купување, купувањето се сведува на крајно неопходни егзистенцијални продукти, пишува весникот.