
Просечната нето плата во Србија за третиот квартал од оваа година изнесуваше 107.937 динари (919.65 евра) и беше номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 6,9 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС) во својата публикација „Трендови, III квартал 2025“.
Во однос на претходниот, односно во вториот квартал од 2025 година, платите се номинално пониски за 0,1 процент, а реално за 1,1 процент.
Просечната нето плата за првите девет месеци изнесуваше 107.432 динари, (915.35 евра) и во споредба со истиот период од претходната година, беше номинално повисока за 11,1 процент, а реално за 6,5 проценти.











