Србија размислува да воведе акцизи за газираните пијалоци

21

gaziran sok

Со цел да се намали минусот во буџетот, српскиот министер за финансии, Душан Вујовиќ, подготви неколку мерки кои наскоро ќе помогнат да помогнат во закрепнување на јавните приходи. Освен борбата против сивата економија, надлежниот министер размислува за воведување акциза на газираните пијалоци, пишува српска Политика.

Доколку оваа одлука стапи на сила, на секое шише газиран пијалок ќе има акцизна маркица која производителите ги чини од еден до два српски динари, а која на крајот ќе се пренесе на крајниот потрошувач. Мерката нема да се однесува на производителите на минерална вода, туку само на оние што произведуваат газирани сокови. Целта на оваа мерка е компаниите кои се занимаваат со полнење на овие сокови да се стават под контрола за да се намали работата во сивата економија.

“На овој начин наједноставно ќе се контролираат производителите. Ќе биде појасно кога ќе се види дека оние кои немаат акцизни маркици тие работат во сивата зона. И во тие фирми може лесно да се испрати инспекција“, вели изворот за Политика.