Србија: Штетни супстанци во пелени и опрема за бебиња

343

cucla bebeska

Асоцијацијата на потрошувачи на Србија и уште 10 потрошувачки организации, спровеле истражување кое покажува присуство на хемикалии во 16 од 68 тестирани производи за деца и бебиња коишто можат штетно да влијаат врз здравјето на децата.

Тестирани се 68 производи во шест категории, но од Агенцијата не наведуваат кога е правено истражувањето, како ни имињата на фирмите чии производи се оценети како штетни, јавува РТС.

Резултатите на тестовите покажуваат дека некои хемиски соединенија утврдени во опремата за бебиња можат да бидат штетни дури и ако во производот се присутни само во траги, поради што организацијата бара итна реакција на надлежните.

Штетни материи се пронајдени во една од 10 испитани цуцли, во четири од 11 испитани пелени, во три од 19 испитани парчиња боди облека, во една од 14 текстилни простирки.