Србија: Следната година почнува со работа Берза на електрична енергија

21

strujaОд следната година во Србија ќе почне со работа берза на електрична енергија, најави генералниот директор на Електромрежи Србија (ЕМС), Никола Петровиќ, јавува Танјуг.

За учесниците, берзата официјално ќе биде отворена во третиот квартал од 2014, а со полн капацитет ќе проработи од 2018 година, кога од неа се очекува профит од 400.000 евра годишно. Во првата фаза во трговијата со струја ќе бидат вклучени Србија, Црна Гора и Македонија, а подоцна би се вклучила Унгарија и преку неа Полска, Словачка, Романија и други земји од регионот.

Струјата би се купувала од произведувачи и трговци со електрична енергија, а берзата ќе овозможи подобра и потранспарентна трговија со струја.