Србија: Странските гости се пријавуваат за вакцинација преку e-Turista

36

Давателите на услуги за сместување во туризмот ќе можат да ги регистрираат своите гости, странски државјани за вакцинација по електронски пат преку e-Turista, објави српското Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.

Вакцинацијата на странски државјани се врши секој петок, сабота и недела, на локацијата Белградски саем сала 3 во периодот од 8:00 до 15:30 часот

Како што е наведено, имунизацијата се спроведува со вакцини според пропишаната документација, со писмена согласност од примателот, според расположливите типови и количини на вакцини, без надомест за услугата за вакцинација и вакцината.

Фото: Pexels