Србија светски рекордер во производство на малини

138

malini

Србија оваа година забележа рекордно производство на малини во изминатите 25 години и направи извоз од над 100.000 тони, со што е остварен приход од 250 милиони евра, пишува Данас.

“Србија во овој момент е на прво место во светот по производство на малини, пред Полска и Чиле. Ги имаме сите предуслови и во следниот период да ја задржиме лидерската позиција“, изјави Жељко Радошевиќ, државен секретар во српското Министерство за земјоделие.

Пилот проектот за производство на малини, што го финансира швајцарската Влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка, овозможи вработување на 347 млади луѓе од западна Србија.