Србија: Тајкун сокрил 32.000 тони шеќер и направил вештачки недостаток

181

Состојбата со шеќерот во Србија полека се стабилизира, Владата донесе нова уредба, сега максималната цена е 89,9 динари, а трговците вчера добија дополнителни 260 тони од стоковите резерви, пренесува Блиц.

Државниот секретар во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации Урош Кандиќ изјави дека состојбата се нормализира и стабилизира и дека во наредните денови ќе има доволно шеќер.

Претходно беше откриено дека еден трговец е најодговорен за вештачкиот недостиг на шеќер.

На прашањето која фирма од областа Колубара е главниот виновник за недостигот, Кандиќ рече дека се работи за голем трговец, а инспекциите и надлежните служби утврдиле дека во магацините има дури 2.000 тони шеќер во килограми, додека кај производителот имал 30.000 тони, што е една десетина од производството во Србија.