Србија трета во светот по број на локалитети за тартуфи

341

Србија е трета земја во светот според бројот на локалитети за квалитетни тартуфи. Станува збор за мистичен плод, што е исклучително интересен за истражување, пишува Екапија.

Меѓу фактите поврзани со тартуфите велат дека е најскап жив плод, којшто на аукциите достигнува цена од милион евра за едно парче. Во Франција главни трагачи по тартуфи се свињите, а во Србија и Италија тоа се кучињата, додека во Русија за таа намена користат мечки.

Според податоците на Observatory of economic complexity, најголеми извозници на тартуфи во светот се: Франција, Египет, Холандија, Јужна Африк и Обединети Арапски Емирати.

Од друга страна, како најголеми увозници на тартуфи се: Сејшелите, Гвајана и Барбадос.

Фото: Pixabay