Србија увезува компири од Египет поради слабиот род на Балканот

38

Србија е во ситуација кога и е поисплатливо да купува поевтини земјоделски производи од странство отколку да произведува свои. Причина за тоа, според Евица Михаљевиќ од асоцијацијата Плодови Србије е недоволното користење на сопствени ресурси и инвестиции на државата кои би ги поттикнале земјоделците на поголемо производство.

Оваа година родот на компири во Србија е околу осум тони по хектар, што е само околу 35% од просечниот род. Вкупниот принос од 400.000 тони нема да биде доволен, па се очекува да бидат увезени поголеми количини.

“Увозот веќе започна и можеби годинава за прв пат ќе ни стигне компир од Египет, затоа што потфрли родот на целиот Балкан. Ниските приноси ќе влијаат и на цената на компирот, па ќе го плаќаме поскапо од било кога досега”, вели Ратко Вукичевиќ од Плодови Србије.