Србија врати долг од 700 милиони долари

123

Србија врати долг од 700 милиони долари, со камата од над 25 милиони долари, изјави министерот за финансии, Синиша Мали.

„Денес, ставивме крај на тој долг од 2011 година, бидејќи ја плативме последната рата од вкупно 725 милиони долари. Таа година Србија беше задолжена десет години по висока каматна стапка од дури 7,25 проценти. Поради тоа, но и други лоши потези, државата беше принудена да преземе тешки мерки за фискална консолидација, со цел да спаси целосен колапс и да се оддалечи од работ на бездната“, изјави Мали во писмената изјава, соопшти Танјуг.

Тој нагласи дека, благодарение на домашниот бизнис, заштедите, реформите што биле спроведени, имаат четиригодишен суфицит во буџетот и создале резерви што ги спречиле последиците од пандемијата на коронавирусот.

„Ќе ве потсетам дека издвоивме осум милијарди евра за само три пакети помош за граѓаните и економијата. Покрај тоа, ние секогаш успеваме да ги платиме сите обврски на време, како што е договорено, без оглед на предизвиците. Денес, Србија е кредибилен, сигурен партнер“, истакна Мали.

Тој потсети дека петнаесетгодишна еврообврзница во износ од 750 милиони евра беше издадена пред десетина дена, со годишна купонска стапка од 2,05 проценти, што најмногу се искористи за отплата на прескапиот долг од 2011 година.

Повтори дека сега кога најскапиот долг е целосно исплатен, нема да има товар за идните генерации.