Србија за време на поплавите увезла струја во вредност од пет милиони евра

12

struja

Вредноста на увезената струја за време на поплавите во Србија изнесува околу пет милиони евра, изјави вршителот на должност директор на Електростопанство Србија (ЕПС), Александар Обрадовиќ, јавува Танјуг.

Според Обрадовиќ, се уште се прават анализи, но првите проценки покажуваат дека вредноста е околу пет милиони евра. ЕПС за време на поплавите не откажала ниту еден договор и имала нормални активности за увоз и извоз на струја. Тој објасни дека зголемениот увоз на струја и понатаму е во рамките на предвидениот план на работа на ЕПС, но би бил помал да не беа поплавите. Вредноста на зголемениот увоз на струја поради поплавите ќе влезе во целиот биланс на штети што како систем ги претрпе ЕПС, појаснува Обрадовиќ.