Србија:Просечната нето плата за вториот квартал изнесува 921 евра

Просечната нето плата пресметана во Србија за вториот квартал од оваа година изнесувала 108.016 динари (921 евра) и во споредба со истиот период од претходната година, таа е номинално повисока за 10,8 проценти, а реално за 6,4 проценти, објави  Републичкиот завод за статистика.

Во споредба со првиот квартал од оваа година, просечната нето плата пресметана за вториот квартал е номинално повисока за 1,6 проценти, а реално за 0,6 проценти.

Просечната плата без даноци и придонеси, според публикацијата на институтот „Трендови, II квартал“, бележи тренд на раст од почетокот на годината и во јуни, со износ од 107.075 динари, (913 евра) достигна раст на годишно ниво од 11,8 проценти номинално, односно 6,9 проценти реално.