Србин во САД работи на производство на мед без пчели

144

Србинот Дарко Мандиќ, коосновач на стартапот MeliBio од САД, интензивно работи на развој на специфични производи од мед, што не подразбираат одгледување на пчели.

“Ширум светот постои голем број на фалсификати на мед што се произведуваат така што различни видови на шеќер и вода се мешаат во коктел што потсетува на мед. Често во нив се додава одреден процент на мед од пчели за да може вкупната количина на добиен производ да се зголеми“, вели Мандиќ во интервју за Б92.

Целта на неговиот старт – ап е да се произведе мед што на молекуларно ниво ќе биде идентичен со медот што го прават пчелите.

“Со гордост може да кажеме дека произведуваме вистински мед, но без пчели. Таквиот производ ќе биде биде на исто или дури на подобро ниво од пчелиниот мед“, вели Мандиќ, додавајќи дека во природниот мед може да се најдат пестициди што пчелите ги собираат од различни места или антибиотици од лекови за пчелите.

“Нашиот прв производ ќе се најде на пазарот во САД на крајот на оваа година. Веќе имаме скоро 20 компании што изразија желба да станат наши партнери и во своите производи да го додадат нашиот вегански MeliBio мед, произведен без пчели“, додава тој.

Според него, најголема заблуда за пчелите доаѓа од светот на пчеларството во којшто исклучиво се споменуваат медоносни пчели, кои се само еден од 20.000 видови пчели што постојат. Само тој вид на пчели е припитомен од страна на луѓето и кои ги користат за остварување на своите лични интереси.

“Ние веруваме дека медот е производ што треба да им биде достапен на сите и начинот на којшто се произведува не им штети на пчелите. Со додавање на нови кошници во животната околина негативно се влијае врз автохтоните и дивите пчели. Тоа е посебно изразено во САД, каде 25% од пчелните видови не се забележани од1990-та година.

Фото: Freepik