Средба на Бесими со Бертолини и Худолин

8

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, оствари средба со Никола Бертолини и Штефен Худолин, кој треба да ја преземе функцијата шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија. Министерот за финансии му се заблагодари на Бертолини за досегашниот ангажман, а на Худолин му посака успех во вршење на функцијата.

На состанокот се разговараше за приоритетните активности во делот на управувањето со јавните финансии како и за статусот на реализација на тековните проекти финансирани од ЕУ фондови. Министерот Бесими истакна дека министерството за финансии започнува со подготовки на нова Програма за реформи во управувањето со јавни финансии за следниот период започнувајќи од 2022 година. Притоа проценката на јавните расходи и финансиската отчетност од страна на СБ и ММФ ќе биде основа за утврдување на идните реформски приоритети во управувањето со јавните финансии. Проценката е финансирана од ЕУ, СЕКО и СБ.