Средба на министерот Бектеши со грчката амбасадорка Филипиду: Континуирано работиме на зголемување на трговската размена со Грција и инвестиции во енергетиката

39

Министерот за економија, Крешник Бектеши се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду.

Министерот и посака успех на амбасадорката Филипиду во вршењето на новата должност и воедно и се заблагодари за досегашната поддршка од Република Грција во евро-интеграциските процеси на нашата земја.

На состанокот  министерот Бектеши и амбасадорката Филипиду зборуваа за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои се од големо значење на Северна Македонија, но и целиот регион.

Тема на разговор беше и досегашната економска и трговска соработка помеѓу двете земји која бележи континуиран раст и достигна рекордно ниво во последните неколку години, како и можноста истата дополнително истата да се продлабочи.

Министерот истакна дека доказ за зацврстувањето на билатералните односи помеѓу двете земји е и податокот што вкупната трговска размена меѓу Северна македонија и Грција во 2021 година бележи раст ид 51%, додека од јануари до септември минатата година трговската размена бележи раст од дури 94,3%.

Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за зголемување на соработката помеѓу двете земји пред се во делот на енергетиката и инвестициите во обновливи извори на енергија.