Средба со фриленсерите на Hitlancer.com

24

hitlancer

По повод промоција на краткометражниот документарен филм за фриленсери низ целиот свет и презентирање на брошурата насловена The WOW effect of freelance, Hitlancer.com по втор пат годинава неформално ја собра фриленс заедницата во Нола Бар во Скопје. На настанот присуствуваа стотина гости, со што се потврди интересот и потребата за интегрирање на ваков концепт во секојдневното работење и соработка помеѓу компаниите и фриленсерите.

Hitlancer.com претставува онлајн платформа која што овозможува компании или индивидуи (креатори на проекти) да пронајдат лица со одредени знаења и вештини (фриленсери) за нивно интелектуално ангажирање во определен временски период.

Целта на настанот беше да се пренесат разни приказни од фриленсери ширум светот кои активно работат на тоа поле, да се слушнат бенефитите од фриленсање на својот труд и знаење, како што се: флексибилноста, избегнување на микро – менаџерски односи, збогатување на портфолиото проекти, среќата, слобода на избор, оптимизирање на буџетите на компаниите, брзо изнаоѓање на компетентна работна сила за привремено ангажирање и сл.

Засега платформата е достапна на македонски и албански јазик, меѓутоа се работи и на превод на англиски јазик, со цел овозможување достапност на платформата и до поголем пазар, којшто ќе биде секако поинтересен за двете крајни кориснички страни, а тоа се компаниите или индивидуи и фриленсерите. Целта на Hitlancer.com е да овозможи поврзување на носителите на капитал, бизнис развој и имплементација на идеи, со квалификувани реномирани човечки ресурси, подготвени на самоменаџирање и продуктивност во дадени временски рокови.

Проектот Hitlancer е поддржан од страна на Alumni Engagement Innovation Fund 2014, овозможен од страна на State Department на Соединетите Американски Држави. Локалната имплементација е во соработка со Американска Амбасада во Скопје и Summer Work and Travel Alumni Организацијата.