Средба во Токио: Народната банка и Банката на Јапонија ја унапредуваат соработката

Во рамки на континуираната меѓународна соработка со централни банки од целиот свет, Народната банка продолжува да ја унапредува размената на професионални искуства и аналитички практики.
За време на посетата на Токио, во рамки на Меѓународната конференција за статистика на недвижности, Гани Рамадани, заменик-директор на Дирекцијата за монетарна политика и истражување, оствари работна средба со Томохиро Суго и Наоја Като од Дирекцијата за економски истражувања на Банката на Јапонија.
На средбата се разговараше за:
 -организациската поставеност на истражувачките активности во Банката на Јапонија
– методологиите за макроекономско проектирање
вградувањето на аналитичките оценки и проекции во процесот на носење одлуки за монетарната политика
Посебно внимание беше посветено на изработката на проекциите, процената на ризиците и соработката со академската заедница.
Како што соопштуваат од Народната банка разменети биле и мислења за значењето на статистиката на недвижностите и движењата на пазарот на домување за макроекономските анализи и оценките на финансиската стабилност.
Средбата отвори нови можности за стручна размена и институционална соработка помеѓу двете централни банки, информира НБ.