Средствата за дезинфекција од Алкалоид со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

86

По речиси цела година постоење на вирусот COVID 19 (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум 1,5 метри и чистење/дезинфекција на површините и на кожата на рацете.

Засега е познато дека новиот вирус SARS-CoV-2 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на рацете треба да се направи внимателно. Светските јавни здравствени институции [Светската здравствена организација (WHO), Американскиот центар за контрола на болести (CDC), Американската администрација за храна и лекови (FDA) и сл.] одобруваат ефикасност на биоцидните производи (дезинфекциски и антисептички средства) кои во својот состав содржат еден или комбинација од повеќе алкохоли (eтанол, 2-пропанол и/или 1-пропанол), со процентуална застапеност од 60 до 95%. Големиот број студии содржат докази дека овие формулации се сметаат за безбедни и за ефикасни при уништувањето на вирусите (вклучително и SARS-CoV-2) и дека имаат висока микробицидна активност и дејство во рок од 30 секунди од нанесувањето.

Во согласност со консултираните научни студии и докази за ефикасноста на биоцидните средства на база на алкохол спрема SARS-CoV-2, направени од Светската здравствена организација, македонското Министерство за здравство ја потврди ефикасноста на следниве биоцидни производи на Алкалоид АД Скопје: Medical® (гел и полиалкохолен раствор за дезинфекција на рацете) и Ecosal® (растворите за дезинфекција на раце forte, ultra, standard и active), кои во својот состав имаат минимум 70 % алкохол (етанол и/или комбинација од етанол, 1-пропанол и/или 2-пропанол).

Овие производи имаат примена во хуманата и во ветеринарната медицина, индустријата, угостителството, во хотелиерството, за одржување јавна и лична хигиена и слично.

Гелот Medical® и полиалкохолниот раствор за дезинфекција на рацете, како и растворите за дезинфекција на рацете Ecosal® (forte, ultra, standard и active) се готови за употреба.