Среќните луѓе не се грижат за…

30

Задоволните луѓе се и среќни луѓе. Тие знаат што е вредно, а што не, што носи благосостојба, а што ја урива. Знаат дека кога бараш многу можеш да останеш без ништо и знаат дека за одредени работи во животот едноставно не треба да се грижиш.

s1

Материјално богатство

Луксузни куќи, вили, автомобили не гарантираат среќа во животот. Не е лошо да се имаат, но среќните луѓе знаат дека и скромниот живот може да биде убав.

 Невозвратена услуга

Секој ужива во комплимент, награда, пофалба. Додека некој едвај чека да биде пофален, награден или услужен, среќните луѓе безрезервно помагаат и притоа не се грижат за невозвратената услуга. Тие не очекуваат постојано да добиваат нешто за возврат.

s2

Што општеството ќе каже

Тие се водат од своите желби и потреби и не се грижат доколку работниот статус, брачната состојба или нивниот начин на живот не се вклопува во онаа рамка на функционирање што општеството ја очекува од нив.

Предрасуди

За нив не постојат предрасуди и стереотипи. Тие луѓето ги ценат според нивните способности, а не според вера, нација, раса, пол…

Да се биде постојано во право

Среќните луѓе не се грижат доколку нешто не знаат или не се во право. Грешките за нив се само еден начин да се научи нешто ново.

s3

Социјални споредби

Никогаш не се споредуваат со останатите. Можат да учат од нив и да се восхитуваат на нивниот успех, но никогаш нема да бидат љубоморни, гневни или пак да покажуваат супериорност.

Туѓите животи

Тие не се мешаат онаму каде што не им е местото. Доколку побарате совет или помош, со задоволство ќе ви излезат во пресрет, но никогаш нема да се обидуваат да ви ги наметнат нивните ставови.

Одмазда

Доколку некој им згреши не подлегнуваат на ниските страсти за одмазда, туку тоа го оставаат на судбината. Наместо да коваат планови како да им “вратат” на тие што им згрешиле, енергијата ја насочуваат кон нешто продуктивно и корисно.

s4

Жалби и поплаки

Тие се среќни со животот онаков каков што е. Знаат многу добро дека жалбите и поплаките не се од голема корист. Благодарни се со тоа што го имаат и живеат со позитивни мисли дека работите ќе станат подобри.

Лажење

Вистински среќните луѓе не чувствуваат потреба да лажат. Лагата кога тогаш ќе се открие и тие не гледаат причина зошто да се изложуваат себе си на непотребни непријатни ситуации.

Фото: Pixabay