Српската автомобилска индустрија има светла иднина

73

Српската автомобилска индустрија има светла иднина, порача српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Србија треба да продолжи да држи чекор со светот, бидејќи Србија и Белград отсекогаш биле и ќе бидат светот“, напиша претседателот на својот Инстаграм профил.

Вучиќ вчера на саемот во Белград го отвори саемот за автомобили „DDOR ECO BG CAR SHOW 07“ и рече дека српската автомобилска индустрија има светла иднина и дека сè уште се чека одлука од најмалку два големи светски производители на автомобили дали да отворат фабрики во Србија.

Фото: Facebook