Српската бизнис елита на едно место – Започна бизнис форумот на Копаоник

21

ALEKSANDAR VLAHOVIC

На Копаоник, Србија, вчера започна 22-от Бизнис форум на кој оваа година ќе присуствуваат повеќе од 600 учесници кои, според најавите на организаторите, се очекува да ја нагласат потребата од итно реструктуирање на јавните претпријатија, пишува Танјугбиз.

Вториот ден од Бизнис форумот, што симболично се нарекува српски Давос, ќе биде посветен на Националната стратегија за економски и социјален развој на Србија од 2015 до 2030 година, а меѓу темите ќе биде и реформата на државната управа и јавниот сектор, како и улогата на медиумите во реформите.

Како и секоја година, на крајот на фоумот, ќе биде објавен Копаоник консензус, што ќе ги содржи сите заклучоци од форумот.

Овогодишниот форум го носи името Србија 2015-2030: Нова визија на индустријализација на економијата и модернизација на општеството – Како невидливите можности да се претворат во видливи ефекти.