Српската фабрика IMT продадена на индиската компанија TAFE

45

truck-2920533_960_720

Фото: Pixabay

Индиската фирма TAFE ја купи српската фабрика за машини и трактори IMT од Белград, објави Bizlife.rs . Компанијата од Индија ја купила фабриката за околу 66 милиони динари (560.000 евра) што всушност била и почетна цена на аукцијата. TAFE била единствена компанија заинтересирана за купување како и долгогодишен партнер на српската фабрика за производство на машини и трактори.

Договорот за продажба бил официјализиран на 1 март и во него било наведено дека Индијците станале сопственици на градежните објекти, ја добиле сопственоста на печатот и опремата на српската фабрика, додека, земјиштето останало во сопственост на државата.

Така, IMT доби нов газда и ќе се рестартира, имајќи во предвид дека од 2015 година таа е во стечај, од кога “наталожи“ долг од 186 милиони евра.

Некогашниот српски гигант, препознатлив по производството на трактори, во златните свои времиња, произведуваше 400.000 машини годишно.