Владата на Србија ја докапитализира Комерцијална банка, со што државата остана најголем акционер во таа најголема банка во земјата. Владата купи акции во вредност од 100 милиони евра, со што остана мнозински сопственик од 42%.
Доколку државата не го искористеше правото на докапитализација, нејзиниот формален удел до крајот на годинава би се намалил од 42,6% на 27,46%, а мнозински сопственици на Комерцијална банка би станале Европска банка за обнова и развој, Меѓународна финансиска корпорација, германски ДЕГ и шведски Сведфонд.
Овие четири институции на 1 јануари 2013 година би имале контролен пакет од 51,54% од капиталот.
Средствата за докапитализација на најголемата банка во државна сопственост на Србија се обезбедени со ребиланс на буџетот за 2012 година.