Српската влада најави пресметка со сивата економија

40

siva ekonomijaПоради загуби од 300 милиони евра годишно, српската влада бара итна акција против сивата економија во нафтената и тутунската индустрија. Казни за сива економија во моментов не постојат, односно добивката е поголема од казните, велат експертите. На Србија ќе и требаат од три до пет години нивото на сивата зона да го доведе како она во регионот, а дури 10 како во ЕУ, јавува РТС.

На состанокот на кој вчера присуствуваа премиерот Ивица Дачиќ, првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ и министерот за финансии Лазар Крстиќ, оценето е дека треба да се подобри системот за контрола и координација на царината, даночната управа, пазарните инспекции, Министерството за внатрешни работи и обвинителствата, за да се сузбие сивата економија и да се заштити пазарот.

“Во интерес на Владата е да се искорени сивата економија и илегалната трговија и компаниите да работат на регулиран пазар. Надлежните институции ќе преземат силна и координирана акција на зголемена контрола и измени на прописите за да се заостри казнената политика и доследно да се спроведат законските одредби”, истакна Дачиќ во разговор со претставниците од нафтената и тутунската индустрија.