Српската влада одобри квоти за извоз на житарки, брашно и масло

85

Владата на Србија на денешната седница одобрила месечни квоти за извоз на 150.000 тони пченица и пченка, 20.000 тони брашно и осум милиони литри рафинирано сончогледово масло, пишува Танјуг.

Во март српската влада донесе одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи – пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло.