Српски Akatelier лансираше дрвени очила за сонце

82

drveni ocila

Српскиот бренд Akatelier лансираше рачно изработени дрвени очила за сонце под слоганот – Кажете ѝ не на пластиката, дрвото добро изгледа, пишува Вечерњи новости.

Фотографиите од овие дрвени очила го привлече вниманието на модниот магнат Карл Лагерфилд, супермоделот Кејт Мос, најпознатиот моден фотограф во Њујорк, Морган Милер…

drveni ocila 2

Дизајнерката Александра Арнолс Кујунџиќ од Белград, со креативниот тим, ги престави уникатните рамки за очила направено од дрво од орев, јасен, роза, бамбус и даб.

Футролата за очилата, што е рачно сошиена и изработена од квалитетна природна кожа, може да се носи и како чанта.

Поради големиот интерес, купувачите чекаат на испорака од 10 до 30 дена.

drveni ocila 1