Српски Фиат со 50% зголемен извоз

15

FASКомпанијата Фиат автомобили Србија (ФАС) во првите три месеци оваа година го зголеми извозот за 50% и е најуспешен српски извозник. Во периодот од јануари до март, ФАС од Крагуевац извезе автомобили во вредност од 374,8 милиони евра и е на прво место на листата 15 најголеми српски извозници. Фиат бележи раст на продажбата во Северна Америка, а месечно само во Италија пласира 7.000 возила. Само во САД и Канада во март пласирал околу 2.000 модели 500L, јавува РТС.

Во Фиат сметаат дека оваа година извозно и финансиски ќе биде многу подобра од претходната.