Српски и хрватски научници развиваат автомобил на водород

69

kola

Фото: Pexels

Истражувачи од Институтот за нуклеарна енергија Винча во Србија, во соработка со хрватскиот институт Руѓер Бошковиќ и швајцарскиот федерален институт EMPA, две години работат на енергетски проект наречен Нови материјали за складирање на енергија.

Никола Билишков од Институтот Руѓер Бошковиќ вели дека со проектот вреден околу 250.000 евра се создаваат нови материјали за складирање на водород со цел да се создадат поефикасни резервоари за автомобили, пишува Вечерње новости.

“Конкретно развиваме т.н. комплексни хридри што претставуваат неколку групи на хемиски соединенија коишто содржат големи количини на водород и можат да ослободат или добијат водород по потреба“, вели Билишков.

Со цел да се промовира водородната енергија, во Институтот Винча ќе се формира Центар за обновливи извори на енергија и енергија од водород, во којшто ќе бидат опфатени лаборатории за физика, нуклеарна физика и слично.