Српски научници осмислија заштита од фалсификување користејќи крилја од пеперутки

2

spring-outside-nature-butterfly-71743

Фото: Pexels

Истражувачки тим од Центарот за иновации на Институтот за физика од Земун го осмисли Teslagram, систем за физичка заштита што ќе штити од фалсификување на банкноти, карти за идентификација, документи или уметнички дела. Научниците пронашле начин како од крилјата на пеперутките да ја издвојат секоја лушпа и да ја вметнат во банкнота, бидејќи меѓу сите пеперутки на планетата не постојат две исти лушпи, пишува Вечерње Новости.

Физичарот и член на тимот, Димитрије Степаненко вели дека само во природата постојат уникатни работи, а меѓу нив се крилјата на пеперутките. Кога лушпите се издвојуваат од крилјата, преку паметно печатање, се вметнуваат во предметот. Лушпата е минијатурна и цврста и не постои начин да се оштети. Поради малите димензии, фалсификаторите не може да знаат на кој дел од банкнотата или уметничката слика се наоѓа.

Во лабораторијата на иновацискиот центар е направена мала фарма на пеперутки, а тимот научници открива дека секоја пеперутка не е погодна за заштита. Со оглед на тоа што животниот век на пеперутките е две недели, тие не се убиваат, туку нивните крилја се користат откако ќе угинат.

Раководителот на тимот, Саша Лазовиќ вели дека тимот составен од биолози, инженери и физичари напорно работи и постигна многу. Teslagram е заштитен глобално преку три патента и жиг, но останува уште многу работа и финансиски средства.