
Системот на Европската унија за брзи информации за безбедноста на храната (РАСФФ) соопшти дека во октомври две пратки од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија.
Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот ипродион.
Во пратката на капини регистрирани се 0,023 mg/kg ипродион, а дозволената количина е 0,01 mg/kg. Стоката, била вратена на испраќачот.
На 25 октомври на границата со Хрватска била запрена пратка со додатоци во исхраната кои, како се наводи, содржеле нелегални состојки. И таа пратка му била вратена на испраќачот.











