Српски штрудли со смокви повлечени од пазарите на ЕУ поради токсична материја

7

strudla-smokvaПоради недозволено ниво на токсична материја која во големи количини е потенцијално канцерогена, цело количество штрудла со смокви на српски произведувач е повлечено од пазарите на Европската унија. Од истата причина се повлечени и крекери, јавуваат српските медиуми.

Слободан Владиќ, задолжен за безбедноста на храната при министерството за замјоделие, за Танјуг потврдил дека пред десетина дена во министерството стигнало известување дека штрудлите со смокви содржат недозволено ниво на охратоксин А, а пред неколку дена стигнало ново известување дека целото количество е повлечено од пазарот. Владиќ не можел да ја потврди информацијата за крекерите и прецизирал дека во министерството стигнала нотификација само за штрудлите.

Според прописите на ЕУ, дозволено е само три микрограми охратоксин по килограм производ за возрасни и 0,5 микрограми за деца. Во штрудлите од смокви, според наводите на Националната организација на потрошувачи на Србија, имало преку 15 микрограми, а во крекерите 10 микрограми од оваа токсична материја.