Српски старт – ап за видео продукција доби инвестиција од пола милион евра

51

Српскиот старт – ап Videobolt, којшто развива платформа што ги поврзува оние кои се занимаваат со видео продукција и оние кои имаат потреба од видео, а немаат никакво предзнаење за создавање видео содржина, доби инвестиција од пола милион евра од инвестициониот фонд South Central Ventures.

“Исклучително сме среќни што добивме поддршка од South Central Ventures. Здружување на силите со овој фонд нè носи чекор поблизу до нашата цел софтверот за видео содржини да биде достапен за сите“, изјави Момчило Стојковиќ, соосновач на Videobolt.

Инаку, овој српски старт – ап е основан во 2016-та година и од тогаш има околу 200.000 регистрирани корисници и неколку илјади купувачи кои плаќаат за добиените услуги. Софтверското решение на Videobolt е искористено за создавање на околу 300.00 видео записи.

South Central Ventures располага со 40 милиони евра за инвестирање на иновативни компании од: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Фото: Facebook