Српскиот старт – ап Strawberry постави паметни клупи во Лондон

86

strawberry klupa

Соларните Strawberry паметни клупи се производ на српскиот старт – ап Strawberry energy. Овие клупи се поставени на четири локации во деловен кварт во Лондон, пишува startit.rs.

Strawberry паметната клупа е ново технолошко решение што се напојува од соларна енергија и овозможува бесплатно полнење на мобилните уреди со вградени кабли, USB приклучоци и wireless полначи.

Оваа паметна клупа собира податоци за количината на јаглерод диоксид, нивото на врева, влажноста на воздухот, температурата и воздрушниот притисок во окружувањето. Корисниците може да се послужат и со вграденото копче преку кое може да повикаат Центар за помош.

“Во преговори сме со уште неколку компаниии и општини во Лондон, така што очекуваме да поставиме уште 10 Strawberry паметни клупи до крајот на годината. Оваа година започнавме да ги извезуваме нашите соларни уреди во три нови држави: Словачка, Бугарија и Хрватска“, изјави Милош Милисављевиќ, генерален директор и основач на Strawberry energy.

Strawberry досега постави 17 клупи или како што тие ги нарекуваат Дрвја во 15 градови.