
Во Србија, просечната плата (бруто) пресметана за јули изнесуваше 167.402 динари (околу 1.431 евро), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 121.346 динари (околу 1.037 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика.
Растот на бруто платите во периодот јануари-јули 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесуваше номинално 11,3 проценти, односно реално 8,4 проценти, додека просечната нето плата беше повисока за 11,4 проценти номинално, односно реално 8,5 проценти.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за јули 2026 година е номинално повисока за 11,1 процент, а реално за 9,0 проценти, додека просечната нето плата е номинално повисока за 11,3 проценти и реално за 9,2 проценти.











