Срушија рекорд: Од 1 декември до Божиќ, Хрватите потрошиле 2,6 милијарди евра

31

Од почетокот на декември до Божиќ, 25 декември, хрватските граѓани потрошиле дури 351 милион евра повеќе, а доколку вака продолжи до Нова година, потрошувачката во овој месец би можела да биде и поголема од проценетите, оптимистички 3,1 милијарди евра.

Според податоците на Даночната управа, граѓаните до Божиќ потрошиле 2,6 милијарди евра. Само во саботата, во пресрет на Божиќ се потрошени 147 милиони евра или 3,6 отсто повеќе од истиот ден лани.

Според загрепски Вечерњи лист, во тоа помогнало и тоа што Божиќ годинава паднал во (не)работна недела, па сумата на сметката на тој ден изнесувала 52 милиони евра или 39 отсто помалку од лани, додека на Самиот Божиќ, околу 11 милиони евра или 20 отсто повеќе од лани.

Гледано според потрошувачката само во дејноста трговија на мало (освен трговија со моторни возила и мотоцикли) од 1 до 26 декември годинава, вкупниот број на фискални сметки изнесува 82,27 милиони со вредност од 1,42 милијарди евра, додека во истиот период во 2022 година, бројот на сметките што ги евидентирала Даночната управа изнесува 83 милиони, а нивниот вкупен износ е 1,24 милијарди евра.

Севкупно, еден процент помалку фактури се евидентирани во трговијата на мало овој декември, додека сумата порасна за 15 проценти, односно за 180 милиони евра. Трите просечни празнични корпи на Независните хрватски синдикати пораснале за 15 отсто, пишува Вечерњи.