Синдикалната кошница во мај изнесува скоро 39.000 денари – од јануари е зголемена за 2. 980 денари

44

Порастот на цените и растот на инфлацијата која за месец мај изнесува 11,9% влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население.

-Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ за мај изнесува 38.791,00 денари, а од јануари 2022г ( 35 811.00 ден) е зголемена за 2 980.00 денари односно 8,32 %.За само една година или од претходната 2021 година истиот месец мај кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.156,00 денари истата е зголемена за 4.635,00 денари односно 12,78%.Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените.Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,3% во однос на предхониот месец март 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 17,0% .

Порастот на цените и растот на инфлацијата кој изнесува 11,9% влијаат врз намалувањето на куповната моќ на работниците, затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентите противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците.

Затоа потсетуваме дека на протестот на 1 мај, 7500 работници заедно со ССМ јасно упатија порака дека зголемувањето на платите е потребно веднаш.Очекуваме оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат за најмалку 2806 денари во нето на секој работник во јавен сектор, а во спротивно на 22.06.2022 година ќе се одржи генерален штрајк во јавен сектор, посочуваат од ССМ.