ССК ја претстави визијата за зелена транзиција на панел во ЕУ парламентот во Брисел

10

На 30 и 31 јануари 2024 во Брисел во Европскиот парламент  Мрежата ACRID, Мрежата за истражување, иновации и развој на здружени земји кандидати во партнерство со Форумот K4I, организира  настан -,,Подршка на зелена и дигитална трансформација” фокусирани на истражување и иновации ангажирајќи ги јавниот, приватниот и академскиот сектор. Настанот  ги истражува  можностите на ЕУ достапни за земјите-пристапнички и кандидати со  цел да ја зајакнат соработката за да ги подобрат нивните капацитети за иновации. Форумот  е со фокус за зајакнување на  конкурентноста на европската заедница за истражување и развој, особено во однос на целите на Европскиот зелен договор.
На панелот „Поддршка на двигателите на зелената и дигиталната транзиција“ говорник e Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.На панелот се претстави можноста  и предностите за соработка помеѓу академскaтa зедница  и потребите на индустријата,и инцијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии и можостите за  соработка со  бизнис секторот.
Целта е се подобри соработката меѓу академската заедница, приватниот сектор, јавниот сектор, надградувајќи ги вештините и градењето капацитети за зелена и дигитална транзиција преку можноста за вмрежување и идентификување на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување и развој  со препораки за политики за да се олесни ефективната соработка, зголеменото финансирање и градењето капацитети долж целиот синџир на вредност на иновациите.
,,Со поширока вклученост на граѓанските организации и бизнис секторот Сојузот на стопански комори  ќе делува  за подобрување на градењето капацитети, трансфер на знаење, пристап до иновативни активности за зелена и дигитална транзиција и  за побрз економски раст преку поттикнување на развојот на нови индустрии, технологии и стартапи.Се потенцираат можности за истражување и развој ,нагаласувајќи  го значењето на заеднички иницијативи за истражување , развој  и потенцијалот за пробивни иновации и напредок што произлегува од меѓусекторската соработка. Заедничките заложби можат да поддржат образовни програми кои го премостуваат јазот помеѓу академското учење и  индустријата и иницијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии.Дополнително искусување на она што Европа може да им го понуди на земјите кандидати и придружните земји од перспектива на различни инструменти и програми и како овие земји можат да го поддржат зелениот договор на ЕУ и новата европска агенда за иновации,,истакна Ангелоски
Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување ,инвестиции,развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.