ССМ излегува на штрајк за повисоки плати

75

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапуваат во генерален штрајк, на кој ќе побараат линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Како што соопшти ССМ, денес вработените во јавниот сектор од 10 до 11 часот ќе застанат надвор пред просториите на работодавачот. Исто така, пред Собранието ќе бидат поставени 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 9 часот.

На 23 јуни, пред Владата ќе биде поставено 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 9 часот.

На 24 јуни пред Министерството за финансии ќе упатат пораки до министерот од 10 до 14 часот.